Светол тен со ладен тон сака длабоки розови нијанси, на маслиновиот тон одговараат сите нијанси, додека кожата со жолт подтон најдобро поднесувакорални нијанси.
Црвениот кармин е идеален кога сакате да ја освежите својата дневна и вечерна комбинација, давате посебен акцент на усните и ги предизвикувате машките погледи. А, како го носат познатите дами, погледнете во продолжение.
Маслинов тен
На маслиновиот тен му прилегаат речиси сите нијанси, а особено светло –црвена, каква што вообичаено носи Ким Кардашијан. Одличен избор се и кармини со портокалови и розови нијанси кои ја извлекуваат топлината од тенот, а не делуваат пренападно.
Жолт подтен
Кожата со жолт подтен како нијансата на Рира Ора не поднесува најдобро црвен кармин со розови и ладни ноти. Подобар избор се топли портокалови и коралани нијанси.
Ладен тон
На светол тен со сини очи и ладен подтон, одлично одговараат длабоки и ладни нијанси на црвен кармин. Како инспирација може да ви послужи кармин со розов подтон како што носи Роузи Хантингтон Вајтли.
Кармин со сјај
Сјајните нијанси на кармини дејствуваат како природни спојници и визуелно ги зголемуваат усните. Нивната предност е што се збодатени со путер и масло од јојоба кое ги храни усните и спречува сушење. Мана е што лесно се размачкуваат и треба да се поправаат од време на време.
Молив за усни
Огнените нијанси бараат прецизна рака за време на нанесувањето, бидејќи во спротивно ќе изгледате неуредно. Усните треба да ги поцртате со молив на надворешните рабови, со тоа што моливот треба да биде слична на природната боја на усните. На тој начин рабовите ќе бидат помалку видливи, а карминот нема да се ‘разлее’.
Беж боја – тен
На светла кожа, но со премиси на беж нијанса одлично прилегаат темно и длабоки кармини со златни нијанси. Предност на овие нијанси е тоа што подеднакво добро се вклопуваат намаслиновиот тен, но и на светла кожа.
Мат кармин
Мат кармините се најпогодни за полни усни, бидејќи визуелно ги намалуваат. Нивната предност е што траат подолго од хидрантните, но недостаток тоа што ги сушат усните и не трпат грешки.

You must be logged in to post a comment Login