• Сподели на:

Зошто се дебелееме кога сме во долга врска?

___

Секогаш има причина зошто некој ставил некоj килограм плус. Луѓето често се здебелуваат кога се во долги врски. Дали тоа го имате забележано? Пробавме да дознаеме зошто е тоа така.

Така ви годи

Во долга врска се чувствувате сигурни. Тоа е супер, но важно е и понатаму да се трудите да му изгледате убави и привлечни на партнерот. Водете грижа за килажата и кога сте во тоа комотно „љубовно гнездо“.

Станувате мрзливи

Ако сте дама и сте сингл, тогаш се трудите да вежбате редовно. Кога ќе почнете да излегувате со некој, редовните тренинзи ги запоставувате. Заедничкиот живот бара доста време и труд. Па така навечер место на тренинг заглавувате со партнерот пред телевизор. Пробајте да вежбате заедно.

Не идете во шопинг

Веќе ја немате таа желба да бидете беспрекорно облечени за да привлечете нечие внимание. Поради тоа не трошите време на купување, не излегувате и трошите дополнителна енергија за тоа.

Немате време за теретана

Животот ви е турбо посебно ако сте во брак и со деца. Имате малку слободно време, но мора да издржите и најдете време за теретана. Оставете ја како задолжителна обврска во агендата.

Јадете заедно со партнерот

Негативната страна од времето со партнерот е тоа која јадете заедно а не сте гладни или сте немале намера за тоа. Ако веќе тоа ви е пракса, подобро наполнете го фрижидерот со здрава храна, нискокалорична и заедно гответе.

Стареете

Што сте подолго во врска така и стареете заедно. Колку што сме постари толку повеќе имаме килограми и потешко е да ги симнеме. Затоа треба повеќе труд.

Го јадете тоа што ќе им остане на децата

Тешко е да се биде на диета, посебно кога се има деца. Сакате за ручек риба на скара, манго и ориз а на крај замена за тоа се рибини стапчиња и помфрит. Морате да најдете баланс во исхраната и задолжително научете ги и децата на здрава храна.


Оставете коментар

___