• Сподели на:

Зошто не треба да се оптеретувате со неговата бивша девојка!?

___

Со тебе е во врска, не со неа…

Те избрал тебе

Да, можеби ја сакал во еден период од неговиот живот, но исто така со текот на времето престанал да ја сака и те засакал тебе. Нека не те плаши неговото минато. Па и ти имаш бивши, нели? Фокусирај се на времето што го поминувате заедно и обиди се да создаваш спомени со него, а неа заборави ја.

Таа е негово минато, а ти негова сегашност!

Не можеш да го смениш она што се случило, ама можеш да уживаш и да го цениш она што го имаш денес. Што и да е друго може само да ти донесе немир во врската и ништо повеќе.

Не мисли веќе на неа

Односно, мисли на неа повремено. Или подобро кажано, се сеаќава на неа повремено. Баш како што се сеќава на првото домашно милениче или на некој пријател кој не го видел со години. Но, ако е со тебе во врска сигурно не мисли на неа на начинот од кој ти се плашиш. Сите имаме спомени и сеќавања, но не се држиме до нив како животот од нив да ни зависи, па така ни тој. Немој да полудиш од нервоза ако налеташ на нивна заедничка фотографија на Facebook бидејќи тоа не значи тој сака и понатака да биде со неа. Само значи дека нема потреба да ги избрише сите траги од нивната врска. Што на некој начин е и доказ за неговата зрелост.

 И двајцата си тргнале по свој пат

Тој е во врска со тебе, таа има друг дечко. Тие не се заедно зашто очигледно има некоја причина. Ја прекинале врската за да најдат некој кој повеќе ќе им одговара. Тоа и го направиле. И баш заради тоа тој е сега со тебе!

Не те споредува со неа

Со оглед на тоа што те избрал тебе, а не неа, нема ни потреба со неа да те споредува. Те сака баш таква каква што си, а не затоа што имаш некои сличности со неа. Да ја сакал неа, ќе останел со неа. И слободно престани да влегуваш во нејзиниот Facebook и Instagram профил бидејќи таа битка е завршена, а победник си ТИ.

 


Оставете коментар

___