Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Зошто не одговара на Вашите пораки? Лош тајминг, други гледишта на врската или одбегнување…

Иако сте на самиот почеток на врската, немате одговор на Вашите пораки,
па се прашувате кои се можните причини за тоа?

Едно од најчестите прашања на секоја жена на почетокот на врската е:
“Зошто не ми одговара на пораките?”
flert2
Бидејќи неизвесноста во некои ситуации е многу непријатна, на памет може да ни
паднат секакви сценарија. Андреа Сирташ, експерт за врски, објаснува некои
од причините поради кои се случува ова.

1. Не сте сеуште во врска

Жените и мажите имаат сосема различни видувања на врската во самиот почеток.
Додека жената уште по првиот состанок смета дека е сосема природно мажот да одговори на нејзините пораки, мажите функционираат на поинаков начин. Не е работата во тоа дека тој не е заинтересиран – туку  тој едноставно сеуште не е толку посветен на Вашиот однос.

2. Лош тајминг

Понекогаш воопшто не е до жената која што праќа порака, туку до лошиот тајминг. Можеби е во гужва, на состанок,  можеби го оставил мобилниот телефон дома или едноставно не може да одговори. Сепак, и тоа се случува, па понекогаш најдобро е да ги земете овие работи во предвид пред да се препуштите на паника.

3. Ве избегнува

Мажите се експерти кога е во прашање избегнувањето. Би било многу поедноставно само да се јават и да кажат: „Извини, не сум заинтересиран“, но тоа ретко кој ќе го направи. Поголемиот дел од нив ќе остават работата да се олади и ќе се надеваат дека жената прва ќе раскине. Иако не е баш најхрабар потег, очигледно функционира кај нив.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...