• Сподели на:

Зошто и луѓето во среќни врски, изневеруваат?

___

Естер Перел, терапевтка за љубовни двојки, открива пет клучни причини поради кои и најсреќните парови се соочуваат со неверство.

1. Неверството денес значи многу повеќе од претходно

Како да се дефинира неверството во 2015-та? Дали е тоа испраќање на двосмислени, флертувачки СМС пораки? Гледање порнографија на интернет мрежата?

Регистрирање на страници за онлајн состаноци? Неверството денес има многу значења, а партнерите може да имаат различни дефиниции за неверство.

„Престапот се случува во истиот момент кога некој друг однос станува исклучително интензивен и без самиот чин на секс. За љубов е одговорна токму нашата фантазија, а не некоја друга личност“, вели Естер.

2. Технологијата прави неверството да биде полесно од било кога

Интернетот овозможува за личноста да го изневери партнерот емоционално, па дури и сексуално, со некој којшто живее во друга држава, па дури и на друг континент.

„Практички може да го изневерите партнерот додека лежите покрај него во креветот. Во денешно време не мора ниту да излезете од домот за да го изневерите партнерот, а токму тоа ги брише границите коишто некогаш постоеле за да бидете интимни со друга личност.

Не мора никогаш ниту да ја допрете таа личност, но бакнежот којшто го замислувате може да има подеднаква сила како и вистинскиот физички контакт“, вели Перел.

3. Потребата за безбедност и потребата за возбудување не се во рамнотежа

Перел вели дека секој човек има две основни потреби – потреба за потпора и стабилност и потреба за авантура и мистерија. Кога сме во врска, од една личност бараме истовремено да ни ги задоволи и двете потреби.

„Овој предизвик ја сочинува сржта на тоа зошто е толку тешко да се одржи страста во долгите врски бидејќи е потребно да се подмират овие две потреби кои генерално не одат заедно“, открива Перел.

Најголем показател за стабилноста е рутината која многу брзо може да се претвори во навика и да го наведе партнерот за возбудата да ја побара на друго место.

4. Оние што се неверни сакаат да се сменат себеси, а не своите партнери

Перел открива дека поголемиот дел од нејзините клиенти коишто биле неверни луѓе со години биле моногамни пред да ја прејдат границата којашто мислеле дека никогаш нема да може да ја преминат.

А токму тоа не се случило поради нешто што нивниот партнер го направил, туку поради потребата за психолошка промена.

„Неверството не се случува само затоа што бараме некоја друга личност, туку затоа што бараме нова верзија од самите себе си. Во многу од случаевите личноста којашто е неверна не ни сака да го остави партнерот, туку сака зад себе да ја остави личноста во којашто самата се претворила“, објаснува Перел.

А во денешниот свет постојано слушаме за тоа дека треба да бидеме најдобрата верзија од самите себе си и да го следиме она што го сакаме во животот, а некои луѓе тоа може да го интерпретираат како барање на нова врска.

5. Сакаат да почувствуваат дека се повторно живи

Неверството нема врска само со сексот или со љубовта. „Луѓето зборуваат за тоа дека токму во таквите моменти се почувствувале живи“, вели Перел.

Возбудата поради помислата дека партнерот нема да го открие неверството, личноста која што е неверна ја прави да биде крајно внимателна, будна и ангажирана, а тоа чувство може да биде неодоливо.

Затоа Перел потенцира дека е круцијално за тоа чувство на живост да се одржува во врската, и не само во спалната соба.

Размислете за тоа што е она што ве возбудува, ве полни со енергија, прави да бидете среќни и ве чини да се чувствувате живи – и погрижете се за вие и вашиот партнер да го добивате тоа во најголеми можни количества.


Оставете коментар

___