Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Знаете ли дека мажите со низок раст се најљубоморни

Група научници од Холандија и Шпанија преку разговор со испитаниците заклучиле дека најљубоморни се ниските мажи, додека жените со просечна височина се најмалку посесивни.

Внимателно бирајте го вашиот животен сопатник, предупредуваат научниците. Бидејќи, доколку вашата партнерка е изразено висока или е многу ниска, таа со своите љубоморни испади може да ви го претвори животот во пекол. Но, за разлика од високите жени, мажите кои можат да се пофалат со натпросечна висина навистина се пожелни партнери и не се воопшто љубоморни.

Ова го заклучила група научници од Холандија и Шпанија врз основа на податоците кои ги собрале во текот на разговорите со 549 мажи и жени од овие две земји. Секој соговорник прво го замолиле објективно да процени самиот колку е љубоморен, но и да објасни кои особини на партнерот најмногу му пречат.

Анализата од собраните одговори открила дека, статистички гледано, најљубоморни се ниските мажи, додека пак, жените со просечна височина се најмалку посесивни.

Сигурно се прашувате зошто е тоа така? Виновна е еволуцијата, одговараат научниците. Високите припадници на посилниот пол и дамите со просечна височина во текот на еволуцијата биле најпосакувани и најбарани партнери и воопшто не требало да се грижат од конкуренцијата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement