Внимателно бирајте го вашиот животен сопатник, предупредуваат научниците. Бидејќи, доколку вашата партнерка е изразено висока или е многу ниска, таа со своите љубоморни испади може да ви го претвори животот во пекол. Но, за разлика од високите жени, мажите кои можат да се пофалат со натпросечна висина навистина се пожелни партнери и не се воопшто љубоморни.
Ова го заклучила група научници од Холандија и Шпанија врз основа на податоците кои ги собрале во текот на разговорите со 549 мажи и жени од овие две земји. Секој соговорник прво го замолиле објективно да процени самиот колку е љубоморен, но и да објасни кои особини на партнерот најмногу му пречат.
Анализата од собраните одговори открила дека, статистички гледано, најљубоморни се ниските мажи, додека пак, жените со просечна височина се најмалку посесивни.
Сигурно се прашувате зошто е тоа така? Виновна е еволуцијата, одговараат научниците. Високите припадници на посилниот пол и дамите со просечна височина во текот на еволуцијата биле најпосакувани и најбарани партнери и воопшто не требало да се грижат од конкуренцијата.

You must be logged in to post a comment Login