• Сподели на:

Запознавање преку интернет: Овие мажи треба да ги заобиколите

___

Можеби стварно немате друг начин да запознаете некого освен преку интернет, па ако се одлучите на овој начин на запознавање имајте ги на ум мажите кои морате да ги заобиколите.

Интернетот моментално е еден од најпопуларните начини на запознавање на потенцијален дечко – веднаш можете да ги видите неговите фотографии, интереси и преку чат можете да направите разговор кој би бил непријатен во живо… Но има и лоши страни – типовите кои ги запознавате преку интернет можата да бидат во најдобар случај…чудни.

Ова се најлошите типови кои можете да ги запознаете онлајн:

Човек од два збора

Многу го интересиратен, но кога ќе ви се јави, наместо убава прва реченица, кажува само ,,Ej’’. Бегајте од овој тип – да би имал нешто попаметно да каже, би го кажал тоа веднаш. Ова е очигледно тип кој очекува да се трудите околу него, а тој само ќе ужива.

Човек со премногу зборови

Обрартно од претходниот тип, овој тип премногу зборува. На почетокот мораме сите да зборуваме за себе, но тоа не подразбира писмо од неколку илјади зборови за себе. Типот кој за време на второтот и третото чатување  ви ја открива историјата на болестите на својата прабаба, малку е чуден.

Оставениот дечко

Негова цел не е да пронајде супер девојка – негова цел е да ја преболи старата девојка која го повредила. Не е тоа толку лошо, но пазете се од овие типови – ако премногу зборува за бившата, очигледно сеуште има чуства за неа.

Дејвид Коперфилд

По неколку супер разговори, таман кога ќе помислите дека се тргнало добро – го снемува. Ги има многу, а на сите им е заедничка една работа: Се допишуваат со многу девојки, па кога една ќе престане да им биде интересна, едноставно исчезнуваат.


Оставете коментар

___