Додека еден пар го гради своето семејно гнездо, може да се случи да започне да им се влошува сексуалниот живот. Со текот на времето, заради обврските и должностите, како и посветувањето на кариерата, финансиските одговорности и животните предизвици, одгледувањето на децата и слично, почнуваат да ја задушуваат онаа искра која жарела на почетокот. Од практична гледна точка, двајцата партнери располагаат со многу помалку време за секс, наспроти времето за обврски и задолженија.
Со зголемувањето на возраста, се зголемуваат и факторите кои влијаат на животот во спалната соба. Добрата вест е дека, независно дали станува збор за физички или емоционални проблеми во таа област, на повеќето од нив може да се дејствува.
Всушност, добриот сексуален живот е еден од предусловите за здрав брак и проблемите со сексот, честопати, се знак за други брачни проблеми, за кои треба навреме да се преземат мерки.
Еве како да се зачува „искрата“ во бракот:
– Одделувајте повеќе време за разговор со вашиот партнер;
– Научете да слушате и да ја земате предвид другата страната;
– Стремете се кон решавање на конфликтите, а не кон нивно избегнување;
– Планирајте средби еднаш седмично;
– Помислете на романса надвор од спалната. Сексот започнува од кујната;
– Откријте ги сексуалните потреби и желбите на партнерот;
– Хранете се здраво и одвикнете се од штетните навики како алкохолот и цигарите;
– Спортувајте и забавувајте се заедно.

You must be logged in to post a comment Login