• Сподели на:

За кои работи не треба да се шегувате со него?

___

Мажите немаат никаков проблем со женската смисла за хумор. Ги прифаќаат женските шеги, па понекогаш дури немаат проблем да се пошегуваат и на нивна сметка.

Но, понекогаш постојат некои работи кои едноставно не треба да им ги споменете затоа што им се слаба точка.

Еве за кои работи станува збор?

Неговата мајка

Ова е познато уште од старите времиња па затоа го ставивме на првото место.  Штом започнете да ја задевате неговата мајка, проблемите започнуваат. Тие можат да се шегуваат за нив, но кога вие ќе започнете со тоа, тогаш е опасно. Истото се случува доколку го направите тоа за нивните сестри.

Неговата заработка

Уште од минатото познато е дека мажите се оние кои треба да ја носат храната на масата. Затоа се навредуваат кога ќе се шегувате околу тоа колку тој заработува. Секако нема да ви го кажат тоа, но тие несвесно ја мерат вредноста на партнерите според паричникот. Тоа го прават поради тоа што мислат дека ние жените го правиме тоа.

Загубата на коса

Мажите најмногу се потресуваат за загубата на нивната коса. Свесни се дека можеби тоа ќе им се случи и во никој случај не им треба жена која константно ќе ги потсетува на тоа. Бидете понежни со партнерот и не ги навредувајте неговите чувства доколку не сакате и тој да го стори истото со вас.

Нивниот пенис

Шегите за неговиот пенис зачувајте ги за себе, особено ако сакате повторно да си играте со него.  Вашите шеги и коментари за големината, дебелината и бојата за нив не се интересни. Таквите коментари можат да го навредат, повредат и да му ја уништат самодовербата.


Оставете коментар

___