Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Веќе не сте му интересна?! Што потоа?

Многу често наместо партнерот да стави крај на врската тој решава да започне чудно да се однесува со што секако ризикува да го замразите и да не сакате никогаш повеќе да го видите.

Кои се знаците преку кои може да забележите дека не е повеќе заинтересиран со вас и дека размислува за тоа како да ви раскине?

Нападот е најдобра одбрана

Има време за пријателите а за вас нема? Преку глава ви е од тоа да ви вели дека вие сте таа која нема време за него и дека сте себична што повеќе време поминувате со пријателките?

Ова е нивна тактика да ви здодеат нивните обвинувања и да бидете вие таа што ќе му раскине затоа што тој е кукавица да го стори тоа.

Не го прави тоа што рекол

Кога ќе го замолите партнерот за некоја работа и ќе треба да го замолите уште неколку пати, тогаш сте во неволја. Нема повеќе интерес да прави работи за вас, да излегува со вас, да разговара на телефон со вас… Кога ќе се почувствувате дека го прави ова, запрашајте се кон што оди вашата врска.

Коментира за други девојки

Ниту едно машко не е доволно глупаво да коментира за други девојки и нивниот изглед пред својата девојка, доколку секако не се обидуваат да и раскинат.

Постојано ве прашува дали е се во ред меѓу вас

Мажите не сакаат да коментираат и долго да разговараат за нивната врска. Но, кога сакаат да раскинат со девојката, започнуваат да поставуваат прашања дали е се во ред со врската, дали е врската она што девојката го сака, да поставуваат прашања за иднината… Забележете дека тоа е само нивен начин да ви укажат дека тие не се вистинското за вас и за побрзо да се откачат од вас.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...