• Сподели на:

Спречете ги мажите да не изневеруваат!

___

Жените би требало почесто да ја одржуваат физичката блискост со своите мажи бидејќи на тој начин се лачи повеќе окситоцин – хормонот кој докажано спречува неверство. Окситоцинот, хормонот кој уште се нарекува хормон на блискост, се лачи за време на сексот и породувањето и ја подобрува блискоста помеѓу мажите и жените.

Научниците спровеле истражување во кое учествувале 57 oженети мажи. Кај половина од нив со помош на спреј во носот им бил внесен окситоцин, а другата група добила плацебо. Потоа пред нив излегле прилично згодни жени кои им се приближувале. Мажите морале да речат стоп кога сметале дека жената премногу се приближила.

Оженетите мажи на кои во организмот им бил внесен окситоцин, многу порано ги запреле згодните жени од останатите мажи. Нивното “пристојно растојание” беше поголемо отколку кај мажите кои добиле плацебо. Научниците со ова заклучуваат дека окситоцинот може да биде лек за неверство.

А што треба да прават жените? Жените би требало почесто да ја одржуваат физичката блискост со своите мажи бидејќи на тој начин засилено се лачи окситоцин – хормонот кој докажано спречува неверство. Колку повеќе окситоцин, толку партнерот е поверен.


Оставете коментар

___