• Сподели на:

Спиење во одвоени кревети: Паметна одлука или убиец на блискоста!

___

Секоја четврта брачна двојка не го дели креветот, а иако за некои тоа е добро решение, двојките кои спијат заедно се посреќни, бидејќи ноќните допири стумулираат лачење на хормони на среќа.

Делењето на заедничка постела може да биде вистинска мака, особено ако се будите поради рчењето на вашиот партнер или цела ноќ се борите за покривачот. Традицијата спиење во заеднички кревет почна од индустриската револуција, веселување во преполни градови и тесни станови, но таа може да биде фатална за љубовта и здравјето на партнерите, тврдат британските доктори.

Нивната изјава ја поддржува и студијата на британскиот Универзитет во Манчестер која покажува дека партнерите спијат дури 50% подобро ако се разделени. Денес, дури 25% од брачните двојки спијат одвоено, а овој тренд станува се повеќе актуелен во САД и Јапонија, покажала студијата на Американската асоцијација за спиење.

1

Најчести причини се поголема удобност, различни желби околу температурата во собата, рчење и други навики за спиење и станување. Сепак, една неодамнешна студија на Универзитетот во Питсбург покажала дека заедничкото спиење го зголемува нивото на т.н. хормон на среќа окситоцин и ја намалува вредноста на хормонот на стрес кортизол.

Производство на окситоцин стимулира топлина и човечки допир. Исто така, докажано е дека жените имаат повеќе психолошки придобивки од делење кревет со партнерот, бидејќи им обезбедува потсвесно чувство на сигурност и безбедност.


Оставете коментар

___