Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Што сите ви премолчуваат за денот на венчавката?

Вљубени сте и верени. Си мислите дека сте подготвени за венчавка, но дали сте сигурни?

Списанијата, интернет порталите, книгите и поранешните невести – сите ви нудат безброј совети како да се подготвите за големиот ден, од тоа како да изберете совршен невестински фустан до како да осмислите незаборавна забава која сите ќе ја паметат. Сте потрошиле месеци за планирање, имате пет прирачника со детали и информации кои ќе ви помогнат околу планирање на венчавката. Со право си мислите дека нема што да ве изненади тој ден….ама не сте во право. Еве неколу работи кои никој нема да ви ги каже на денот на свадбата:

 

1.Вашата свадба е хибрид на разноразни проекти и настани

Се надеваме дека ќе ги совладате сите и ќе имате список со план Б ако нешто не оди по планот.

2. Дури и да не сте стручњак за планирање, некој ќе заборави да ви се јави дека доаѓа, а сепак ќе се појави

Овие луѓе не би требало да ги има, а ако ги има се во мал број. За жал секогаш се наоѓа по некој таков.

3. Секој има свој став

Особено оние кои учествуваат финансиски. Впрочем, многумина сметаат дека со давањето пари купуваат право да учествуваат во организација и наметнување на сопственото мислење.

4. Ова е веројатно единствена ситуација во која вие и вашиот партнер ќе организирате настан на кој ќе ги изберете гостите

Искористете ја мудро оваа благодет. Иако постои можност дека “падобранци” ќе се појават како нечии партнери, но немојте да чувствувате обврска да поканите некого кого не сакате.

5. Ако сте невеста – додека размислувате каква да ви биде венчаницата немојте да заборавите дека во тој фустан треба да седнете и да го посетите тоалетот 

И да, дури и на сопствената свадба нема да можете цел ден да го поминете на високи потпетици ако не сте на тоа навикнати.

6. Без разлика колку детално сте ги известиле музичарите или мислите дека добро ги познавате… 

… во одреден момент ќе заборавите на договрената playlistа и ќе слушнете некој песна што само нив им се свиѓа.

7. Не можете да се “убиете” за секоја ситница  

Во одреден момент нешто ќе ви ги одвлече мислите и нешто ќе заборавите. Дури и да имате координатор за денот на венчавката постои голема веројатност дека ќе заборавите на некоја ситница, а ако сѐ друго е како што треба не треба воопшто да се замарате со тоа.

8. Ако нешто ви е многу важно, платете некој тоа да го направи за вас 

Понекогаш и пријателите може да ве разочараат, дури и ако тие дадат сѐ од себе да го направат тоа што од нив го барате. Така да, ако нешто ви е многу важно, најдобро е да платите некому кој тоа го работи.

9. Колку и да ги молите гостите да не објануваат слики од вашата свадба на социјалните медиуми… 

…ќе се најдете тагирани на некој фотографија пред да започнете да го консумирате бракот…

10. … а тоа и без друго ќе почне во текот на медениот месец или следниот викенд, а не првата брачна ноќ! 

Причината се крие во тоа што ноќта по венчавката сте

уморни/ пијани/ емотивни (заокружете што сакате).

11. Нема да поминете многу време разговарајќи со личноста со која штотуку сте стапиле во брак

Има толку многу роднини и пријатели, некои од нив дошле и од надвор и треба да им се заблагодарите што дошле и малку да поразговарате со нив.

12. Можеби овој ден нема да биде најубавиот ден во вашиот живот

И тоа е во ред. Ако е, секоја чест. Но ако не е, тоа значи дека најдобриот ден е пред вас.

 

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...