• Сподели на:

Седум трикови со кои подобро ќе бакнувате

___

Велат, добрите бакнувачи се предуслов за добри партнери и во креветот. Но дури и да не ве засега активноста во креветот, секој сака да биде добар бакнувач. Еве седум работи што морате да ги знаете за францускиот бакнеж.

1. Опуштете се – не мислете на ништо. Многумина се оптеретуваат со тоа што ќе помисли „другата“ страна, но верувајте истите мисли му се мотаат и на партнерот низ глава. Уживајте и препуштете се на моментот.

2. Дајте сè од себе – нека на Вашиот партнер веднаш му биде јасно дека не постои ништо друго што повеќе би сакале да го правите во тој момент. Внесете се во чинот и маѓепсајте го со бакнежот.

3. Фантазирајте – многумина забораваат да ги користат рацете. Ставете ги на рамената, на рацете, на колковите…

4. Тајната е во менувањето на интензитетот – долгите и страстни бакнежи менувајте ги со почести и пократки.

5. Свеж здив – секогаш имајте бомбончиња или мастики при рака за да го освежите здивот, но секако не претерувајте.

6. Следете го партнерот –  ако се плашите како сè ќе изгледа, само следете го партнерот и препуштете се на уживањето. Ако си се допаѓате еден содруг, нема причина за грижа.

7. Дишење – многумина целосно се препуштаат на страстите, но корисно е малку да здивнете. Направете пауза, потргнете се од партнерот, погледнете го во очи и насмевнете се. Така на мир ќе можете да земете воздух без да го расипете романтичниот момент.


Оставете коментар

___