• Сподели на:

Се засакале, се венчале, се развеле, и после 24 години следувало изненадување…

___

Видов една фотографија и таа ме врати на моето прво венчање.  Изгледавме многу среќни. Никогаш не престанав да го сакам…

Се запознале во 1979 година. Веднаш се заљубиле, а потоа и живееле заедно. Две години подоцна се венчале, но ни љубовта не помогнала за да се одржи бракот.

Мајката на две деца раскажува дека одново ја открила љубовта кога се омажила за својот поранешен сопруг по 24 години раздвоеност. По разводот од својот прв маж Крис Џексон во 1985 година, Ен Џексон се премажила и родила две деца. Но, откако вториот завршил, средбата со одамна заборавените фотографии од свадбата ја поттикнало Ен повторно да се заинтересира за Крис:

„Ги погледнав фотографиите и тоа ме однесе на мојата прва свадба. Изгледавме толку среќни. Никогаш не престанав да го сакам. Иако првата свадба ни беше прекрасна, втората имаше многу повеќе смисла затоа што свативме дека нас судбината повторни не спои“.

Ен се заљубила во Крис во 1973 година на една свадба.

„Ме пратеше цела ноќ. Веднаш паднавме еден за друг. Набрзо почнале да се гледаат секој викенд. Кога имала 19 години се вселила кај Крис, а две години покасно во 1979 се венчале. Мојата фамилија беше пресреќна кога се омажив за Крис. Мајками многу го сакаше. Имам многу убави спомени од мојот прв брак“, зборува Ен.

Меѓутоа, по седум години бракот се распаднал

„Бев градска девојка и ми недостасуваа ноќните излегувања. Крис работеше како возач на камион и со недели не се враќаше дома. На крајот едвај и зборевме. Тој не можеше да го напушти фамилијарниот бизнис, а јас не бев задоволно па се одлучив за развод“.

Ен се премажила во 1990 година и од тој брак има две деца, Џош(23) и Ел(17). Таа кажува дека не го заборавила првиот сопруг иако не контактирале.

По 19 години, се развела и вотр пат. Кога се вратила во Шефилд купила книга во која имало фотографија од неа и нејзиниот поранешен сопруг.

„Никогаш порано ја немав видено, и многу се израдував, постојано ев насмеана. Изгледавме толку безгрижно. Сватив дека од секогаш сум го сакала Крис. Мојата сестра сеуште го имаше неговиот број. Пробавме да му се јавиме, а јас осеќав пеперутки во стомакот. Постојано повторуваше дека не му се верува дека тоа сум јас. Ме праша дали сум омажена, му беше многу мило кога му кажав дека не сум.

По три дена Крис се појавил на нејзиниот праг.

„Изгледаше многу поинаку. Ја изгубил црната коса, носеше наочари. Како да се смалил. Но очите му беа исти.

Три недели покасно Крис ја запросил.

„Ми рече дека сум единствената жена што некогаш ја сакал и дека никогаш не би се венчал со друга освен со мене. Клекна и ме запроси. Судено ни е да бидеме заедно затоа што тоа е вистинска љубов. Нашиот живот сега е прекрасен“ пресреќна раскажува Ен.


Оставете коментар

___