• Сподели на:

Разлика во години во врската, дали е навистина важна?

___

Кога станува збор за романтичните врски луѓето често се грижат за разликата во години, изгледот или финансиите, иако она на што навистина треба да се фокусираат се животните вредност и карактерот. 

Да ги отфрлиме застарените начини на размислување во врска со традиционалните врски и за момент да мислиме до срцето, а не со главата. Врските кои навистина успеваат се изградени на конекцијата која оди подалеку од староста на органите, бојаата на косата и бројот на кругови кои некој ги направил околу сонцето. Па дали разликата во години во една врска навистина претставува проблем?

Дали се годините навистина важни?

За почеток да не претеруваме, туку да земеме како пример разумна разлика од 10-15 години. Веројатно сте виделе врски со ваква разлика кои функционираат. Често е полесно помлада девојка да излегува со постар маж, бидејќи жените побргу созреваат. Секако може и да биде обратно. Ако размислувате за тоа дали би сакале да бидете со некој помлади, како и во секоја друга врска, најпрво треба да одвоите време за да го запознаете.

Можеби нема да можете да држите чекот со хиперактивното, помладо момче на кое често го менува расположението и на кое не можете да се потпрете исто колку што нема да можете да бидете и со сериозниот постар маж кој има свој режим до кој ригидно се држи. Сите овие нешта се битни во една врска. Всушност, сите овие нешта многу повеќе зависат од карактерот на човекот отколку од неговите години.

Ако вие сте постари и сте ги поминале годините во кои можете да имате дете, ако одберете да бидете со помлад маж можете да посвоите дете, зар не?

Што да очекувате?

Ако барате љубовна врска која ќе го исполни вашето срце на повеќе начини, тогаш барајте човек со кого делите исти животни цели, интереси и со кого имате исти верувања. Секако, потребна е и физичката привлечност, а таа произлегува од добриот микс на енергии помеѓу двата партнери.

Мажите на било која возраст треба да имаатпочит, добра смисла за хумор, да бидат лојални, независни и да имаат силна работна етика. Тој треба да може да зборува отворено за своите чувства, а не да ги крие во себе. Ако го почитува вашето време, чувства, сонови, цели, тогаш сметајте го како опција. Не судете ги луѓето според надворешниот изглед. Ако и тој е заинтересиран, тогаш почнете да делувате и согледајте дали е рамен на вашите стандарди. Повеќето не се.

Не бидетенаивни во размислувањето дека само младите мажи не знаат точно што бараат од животот, што сакаат да работат и каде да живеат. Имајте на ум дека со мажите треба да се разговара за овие работи на било која возраст. Ако вашиот живот е среден, а неговиот не, тогаш взаемната врска не ветува многу.

За да ги заштитите своите чувства, не се предавајте целосно никому за многу брзо време. Прво треба да видите како тие се однесуваат и дали им смета разликата во годините. Исто така треба да ве третираат како да сте еднаква на него, а заедно треба да се подготвите за коментарите на другите луѓе.

Што може да направи вашето семејство?

Семејството може да испаничи со оглед на тоа дали и колку се традиционални. Запомнете дека вашите блиски ве сакаат и сакаатда ве заштитат од луѓето кои можат да ве повредат. Ако вие ја познавате личноста со која сте започнале врска и и верувате, тогаш докажете им го тоа на своите блиски затоа што тоа е ваша одговорност. Ако вашето семејство и најблиски пријатели прават да се чувствувате непријатно за целата ситуација, подгответе стратегија и запознајте ги подобро.

Што е најважно?

Важно е да се чувствувате пријатно околу личноста. За ваквите врски да функционираат, двата партнери треба да имаат исти интереси и цели.

Како да ги надминете разликите?

Во секоја врска постојат разлики кои треба да се надминат. Потребно е да се најде компромис и партнерите да прават работи кои им се допаѓаат. Зборувајте за работите ако некои негови акции ве повредуваат, но не осудувајте го. Растете заедно и комуницирајте.

Наоѓање на сродна душа

Слушајте го своето срце кога ја барате сродната душа и не слушајте ги предлозите на вашите родители. Сродната душа можете да ја најдете само ако сте искрени сами со себе.

Работете на себе и на своите цели, бидете позитивни и сакајте ги луѓето околу вас. Вистинскиот маж за вас ќе го привлечете само ако го правите тоа што го сакате и уживате во животот. Ако сте мизерни и чекате некој да се појави да ве направи среќен, тогаш тоа нема да се случи. Излезете, забавувајте се, уживајте во друштвото на луѓето околу вас!

Запознајте се подобро

Оваа фаза е екстремно важна. Секогаш треба да си дадете време да се запознаете добро, за целата врска да има смисла, без разлика колку сте си привлечни еден на друг. Привлекувањето многу брзо ќе избледне ако немате исти интереси и ако не сте си најдобри пријатели.

Колку сте потрпеливи, толку имате поголеми шанси да најдете некој кој ќе го заслужи вашето внимание. Правете работи кои ги прават пријателите, излегувајте заедно, патувајте заедно, гледајте филмови заедно.


Оставете коментар

___