• Сподели на:

Правата причина зошто сеуште не сте го запознале оној вистинскиот

___

Додека се помлади, девојките учат од списанија како да заведат момче, како да изгледаат што е можно подобро и како да бидат во врска за една ноќ. Но ретко кој зборува за тоа која е првата работа која треба да ја направите да ја пронајдете љубовта – да се сакате самите себе.

Додека момчињата учат како да “смуваат” што повеќе девојки, а девојките како да “полудат” што повеќе момчиња, сите полека тргнуваат да губат контакт со самите себе. И никој не споменува дека за успешен романтичен живот потребно е да се засакате себе си. Ако веќе сте влезени во малку посериозни години а не сте се засакале себе си, ќе можете да го сторите тоа. Тоа можете да го направите така што ќе поминете некое време сами без потрага за партнер, или можете да пропатувате малку исто така сами. Поминете време со себе си како би се упознале самите вие. Ако го сторите тоа, голема е веројатноста дека со текот на годините ќе вегувате од врска во врска.

Избегнувајте искушенија – Ако одлучите дека сакате еден период да поминете без момче, тогаш ќе се случи следното – голем број на мажи ќе тргнат да ви се додворуваат. Мажите просто чувствуваат кога жената се чувствува сигурно во својата кожа. Така да не треба да се изненадите ако добиете голем број примамливи понуди. Но треба да знаете дека вашата цел е да пронајдете некој со кој ќе можете да бидете во сериозна врска и не треба да се задоволувате со некој кој на тоа не е спремен. Затоа, избегнувајте слатки и краткорочни искушенија и пред влегување во врска дознајте дали потенцијалниот партнер го има истото гледиште за сериозната врска како вие.

Бидете пребирливи – Веројатно се бакнале премногу жаби да можете да приметите дали е тој човек кој сака да ве почасти пијалок дали е жаба или принц. Без оглед колку секси и добро изгледа таа жаба, не дозволувајте да одите дома со него. Доколку сакате да пронајдете прав партнер и да се пуштите во сериозна врска, ваквото однесување може само да ви одмогне во тоа. Што повеќе вакви жаби ги оставите да пројдат, поголема е шансата дека еднаш ќе се појави и принцот. Во превод, бидете прибирливи и не ја прифаќајте секоја понуда која ќе се појави пред вас.

Престанете да се саботирате самата себе – Откажете се од спремните очекувања, а нарочито оние плитките. “Тој мора да има зелени очи“ или “морам да се омажам до 30 години”, тоа се параметри од кои дефинитивно морате да се откажете.

Можеби ќе го запознаете принцот, но ќе бидете премногу заслепени со тоа што не се вклопува во некој ов вашите параметри, па нема ниту да приметите дека е тоја совршен за вас. Или пак од друга страна, можете сами на себе да уништите убава врска ако инсистирате на тоа дека треба да се поврзете, само затоа што стои на вашата листа на очекувања.


Оставете коментар

___