Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Праќате на партнерот секси пораки? Припазете на овие работи

Денес скоро секој пар ужива во праќање секси СМС и ММС пораки, а модерната технологија ни го овозможува се она што пред неколку години не можевме ни да го замислиме. Сепак, факт е дека   ваквиот начин на допишување денес е многу едноставен, но има и свои лоши страни. Ако праќате вакви пораки, припазете на следниве работи.

Проверете го бројот

Не еднаш, не два пати, него пет пати проверете го пред да ја пратите пораката. Поголемиот број на секси СМС пораки завршуваат на погрешна адреса, што е многу непријатно и за личноста која ги праќа, но и за таа која ги добива. Без разлика дали се работи за странец кој ја добил вашата порака бидејки сте погрешиле еден број или се работи за член на вашата фамилија, ќе биде непријатно. Кога праќате, бидете потполно сигурно дали пораката ќе стигне на правото место.

Бидете сигурни дека можете да му верувате

Постојат мажи кои ќе ја наговараат жената да им праќа секси пораки, само за да би ги покажувале на другите. Ако праќате секси пораки на некој, поготово ако се работи за фотографии, морате да бидете потполно сигурни дека се работи за маж кој нема да го подели тоа со други луѓе.

Осигурување

Сликата на која сте речиси голи на неговиот телефон може да ви направи проблеми, па паметно осигурајте се. Најпаметно е да не ви се гледа лицето на фотографијата, а уште попаметно е да имате разголена слика од него. Ако се случи некогаш да се изкарате и спорната слика да постане нешто со кое ќе ве уценува, добро е да имате ‘’оружје’’ со кое ќе му возвратите.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...