• Сподели на:

Постои ли идеален број на партнери пред да го најдеме вистинскиот?

___

Кој е твојот број?

Добро, признаваме, не постои идеален број на партнери кој треба да го имате пред да го најдете оној “вистинскиот”, ама на уредниците на интернет страната MSN им беше забавно да прашаат што нивните читатели мислат, кој би бил тој број.

Преку онлајн анкета прашале 2000 луѓе, а најголем број од нив се сложиле дека тој број би требало да е четири. Притоа се мисли на четири партнери со кои би поминале извесно време заедно.

“Дури тогаш кога ќе стигнеме до петтиот сексуален партнер, стануваме сигурни во она што го сакаме”, заклучила експертката за љубовни односи и психологот Corinne Sweet.

Иако дефинитивно не мора да се водиме според тоа, интересно е да слушнеме што луѓето мислат по тоа прашање.

Но, што ќе кажете вие за резултатите?


Оставете коментар

___