• Сподели на:

Поради ова секој маж ќе ви го сврти грбот!

___

Сакаш да го промениш

Жените често влегуваaт во врска очекувајќи од партнерот дека ќе промени некои работи. Не можеш да го промениш, тоа нека биде јасно. Постои шанса дека ќе те остави токму од таа причина што константно му досадуваш за тоа што би требало различно да го направи. Ако не си спремна да ги прифатиш сите негови маани и навики, тогаш да не ти биде чудно што ти го свртел грбот.

Заморување со безначајни работи

Ако го заморуваш со тоа каде бил и што правел во градот со пријателите, тогаш нека не те изненади неговата одлука. Зошто? Мажите не сакаат да се замараат со безначајни работи и ако се фаќаш за секоја ситница, тогаш тоа е сигурен пат до пропаст на вашата врска.

Секс на првиот состанок

За жал, тоа е вистина. Ако жената на првиот состанок понуди секс, веројатно секој маж тоа ќе и го замери. Жената која заминува само со бакнеж за добра ноќ и го остава да чека, на мажот ќе му биде многу посакувана. Меѓутоа, и ова „правило“ има свој исклучок.

Го заморуваш со она „те сакам“

Ако постојано му кажуваш „те сакам“ тие зборови ќе изгубат значење. Мажите не ги изговараат овие зборови, барем не често, додека жените постојано го кажуваат тоа. Наместо да го оптеретуваш со тие зборови, зошто да не му покажеш со дела колку го сакаш и колку е важен за тебе?

Не се чувствува како твој заштитник

Како што жената сака да се чувствува сигурно и заштитено, така и мажот сака да знае дека е тој поради кој така се чувствуваш.


Оставете коментар

___