Според зборовите на авторката на ова бесплатна апликација Александра Чонг, Lulu ја користи секоја четврта студентка.
Се повеќе девојки и жени ја користат апликацијата Lulu, а на мажите им се крева коса од тоа. Сето тоа е со причина, бидејќи апликацијата се користи за оценување на мажите.
Како функционира? Женскиот свет ги оценува мажите кои ги познаваат, без разлика дали им се пријателки или бивши девојки, а тие не можат да влијаат на својот резултат. Се оценува нивниот хумор, манири, нивните позитивни и негативни карактеристики.
Сепак, доколку некој сака да му се избрише профилот од апликацијата, Lulu го исполнува нивното барање.
Како изгледа апликацијата, можете да погледнете од следната фотографија!

You must be logged in to post a comment Login