• Сподели на:

План за среќа: Како да ја привлечете сродната душа?

___

Многумина сонуваат за да ја пронајдат сродната душа. Некои пробуваат разни начини и се разочаруваат, други пак само седат и чекаат да се појави.

Ниту едниот ниту другиот начин не е вистинскиот. Потребно е да направите план од 8 чекори, кој сигурно дава резултати.

1. Истражете го своето срце

Вашето срце знае што му треба, но ако не го слушате доволно добро и не ги забележувате неговите реакции, дозволувајќи погрешни личности да ви го блокираат, нема да има простор за сродната душа. Престанете да се жалите и најдете ја моќта во себе. Простете и ослободете го срцето.

2. Отфрлете ги желбите за совршен партнер

Наместо нереални желби направете попис на сите позитивни особини кои ги имате и кои може да ѝ ги понудите на вашата сродна душа. На тој начин ќе бидат отфрлени сите нереални очекувања и подготвено ќе го дочекате оној кој го заслужувате.

3. Не бидете конформисти

Она што било ефикасно за вашите родители не мора да биде и за вас. Направете попис на уверувања и ставови кои сте ги наследиле од нив во врска со бракот и ослободете со од нив. Одберете свои лични и истакнете ги.

4. Поставете си повисоки животни цели

Не сакате сигурно вашата сродна душа да чека додека вие не сте подготвени за да делувате.

5. Можни се промени на планот

Слободната волја го менува животниот тек. Мора да ја разберете и судбината, па имајте на ум дека се извесни некои промени.

6. Бидете позитивни

Очекувајте повторна средба со сродната душа додека ја чекате. На тој начин се поврзувате со енергијата и ја повикувате љубовта.

7. Запишете ги своите соништа

Соништата понекогаш може да имаат важни информации за вашата сродна душа, а може и да ви навестат нешто што ќе ви се случи во иднина.

8. Препознавајте ги знаците и пораките околу вас

Дури и најобичните непланирани ситуации и средби со некои личности може наеднаш да се претворат во важни состаноци кои ќе се покажат како клучни и судбински. Следете ги своите инстинкти.


Оставете коментар

___