Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Пет забранети нешта по раскинувањето

Нема ништо необично по тоа што често помислувате на него, но доколку го контактирате секој пат кога ќе се сетите на него, дефинитивно тоа преоѓа во лудило и опсесија • Ги споделувате сите емоционални подеми и падови на вашиот Фејсбук профил

Раскинувањата не се воопшто лесни, а кое однесување кое треба да го избегнете, без разлика колку многу да сакате го направите …

1. Да го побарате секој пат кога ќе се сетите на него. Ако вашиот екс ви доаѓа на ум на секои 7 минути, нема потреба да се грижите. Тоа не е ништо необично. Впрочем, како може да не мислите на него кога ќе ја слушнете вашата песна/ кога ќе пронајдете парче од неговата облека / кога на телевизија е нешто што заедно сакавте да го гледате / кога некој во барот ќе го нарача неговиот омилен пијалок? Како што рековме, ништо невообичаено во тоа што често се сеќавате, но не контактирајте го секој пат кога ќе се сетите, дефинитивно тоа преоѓа во сферата на лудило и опсесија.

2. Споделување на сите подеми и падови на Facebook. Ова е особено точно за камуфлирани постови, во кои всушност го плукате. Бидејќи всушност сите твои пријатели знаат многу добро на што се однесува статусот од типот ” некои луѓе секогаш ќе бидат гомнари ” или” Сè што се случува е со причина ”. И во очите на сите што го читаат ќе дејствувате како лице кое не е во состојба да најде начин да продолжи со својот живот. Редовно повторувајте: Фејсбук  не е мојот личен дневник. Фејсбук не е мојот личен дневник ! Фејсбук не е …

3. Ја менувате фризурата. Ако влезете во фризерскиот салон по раскинувањето, чисто затоа што почувствувавте потреба за драстична промена во вашиот живот, се изложувате на опасноста да излезете од салонот како Хавиер Бардем во филмот ” Нема земја за старци ”. Дали знаете што е полошо од тоа сте оставени? Тоа што сте оставени и имате многу лоша фризура. За сите промени во вашето тело (вклучувајќи ги тетоважите и пирсингот), почекајте додека не помине емоционалниот ураган.

4.Се обидувате да останете многу добри пријатели. Тоа е лесен начин за да откриете дали сте подготвени да го гледате како пријател . Размислете за следново сценарио . Седнете со него на кафе и слушајте ги неговите приказни за неговата нова дама. Ако мислите дека тоа не би било ни малку пријатено, вашето пријателство е апсолутно надвор од прашање .

5. Започнувате сериозна врска со новото момче . Да бидеме јасни – сосема е во ред да се има мала афера, авантуричка, флерт или една ноќ со нов дечко, но ангажирање во нова врска , која вклучува емоционални ангажмани не е најумна идеја. Бидејќи скокањето во врска, не е најумен начин за да ја преболите поранешната врска. Влегувањето во нова врска е оправдано само ако запознаете дечко, а тоа искуство е љубов на прв поглед . Но, навистина ! Не фантазирајте за поранешниот !

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...