Иако во бракот важи ,,Што е мое и твое е”, тоа не мора секогаш да важи. Ако сакате да избегнете непотребни кавги и расправии, најдобро е да поставите некои граници. Стручњаците кажуваат дека на ови работи треба да обрнете внимание и да не дозволите тие да ја спречат брачната среќа.
Пари – бидејќи се еден од најчестите причини за развод. Пред да почнете заеднички живот, договорете се околу трошоците кои заедно ќе ги имате.
Лозинка – многу мислат дека на партнерот ќе му покажат доверба ако ја поделат со него лозинка, но така само се зголемуваат шансите за сомнеж и недоверба.
Заеднички фејсбук – сигурно ни вие не би се осетиле убаво, кога некој пријател би го делел фејсбукот со партнерот, па никогаш да не знаете со кого се допишувате.
Најдобар пријател – нормално е да имате заеднички пријатели, но заеднички најдобар пријател не би требало да имате. Овие триаголници обично завршуваат со катастрофа, бидејќи никој не може да остане неутрален ако дојде до кавга.
Разговор за бивши – можеби вашата намера била да поделите некое искуство и да кажете што не сакате кога станува збор за врски, но партнерот сигурно тоа нема да го разбере на тој начин.

You must be logged in to post a comment Login