Паровите кои живеат заедно, а не се во брак се посреќни од брачните двојки – открива едно американско истражување спроведно врз 2737 луѓе. Кратко по венчавката или почетокот на заедничкиот живот, паровите биле особено среќни и не биле толку депресивни како самците, но нивното добро расположение брзо исчезнало. Но сепак, здравјето на брачните парови се подобрило.
Најинтересниот податок од истражувањето е тоа дека паровите кои живееле заедно во вонбрачна заедница се чувствувале посреќни и имале зголемена самодоверба.
„Заедничкиот живот не носи толку обврски како брачниот и овозможува голема флексибилност, самостојност и личен развој. Сè повеќе луѓе го избегнуваат бракот и тоа ја менува семејната структура. Овие промени веќе ги поминуваат границите и природно се поставува прашањето која е разликата помеѓу бракот и заедничкиот живот. Воедно, тие и правно се изедначени“ – истакнува водителката на истражувањето, професор Кели Мусик.
Брачните парови имаат деца пред паровите кои живеат заедно и тоа привремено им го намалува нивото на среќата поради непрестајното станување навечер и ненаспаноста. Паровите можат да бидат подеднакво среќни и со невообичаен начин на живот. Бракот не е единствениот облик на заеднички живот кој на сите им овозможува исто ниво на задоволство и романтика – додава Мусик.

You must be logged in to post a comment Login