• Сподели на:

Не барајте идеален љубовник – создадете совршена љубов!

___

Се повеќе луѓе се реални во однос на љубовта, но оние кои веруваат во совршена љубов се уште постојат. Интуицијата, вистинскиот момент, тајното очекување во текот на годините е нешто што е пожелно и дава чувство на магијата, но овие очекувања често резултираат со осаменост.

Иако живееме во рационално време, многумина не се откажат од верувањето во судбината и во нешто повеќе од она што очите можат да го видат. Можеби станува збор за интуиција или некое друго чувство, но понекогаш навистина се чини дека чувствуваме повеќе одколку другите околу нас можат да разберат.

Ова особено се случува кога се во прашање љубовта и блиските односи.

Се сакале и пред да се сретнат

Понекогаш тоа е “чудо” е уште поголемо бидејќи некои ќе кажат дека тие го сакале својот партнер и пред да го сретнат. Тоа чувство, велат експертите, и не може да биде целосно погрешно или да е производ на романтична идеализација. Тоа е индикација на интуицијата. За жал се поретко дозволиме тоа да нè води, иако сите велат дека сè е во наши раце.

Почуствувајте го правиот момент

Понекогаш се чини дека сме ја отфрлиле целата магијата на животот. Многу ќе се сретнат во погрешно време, лицето што им се допаѓа е во брак или во посветена врска. Во овие моменти, двајцата чувствуваат дека тоа не е нивно време, но дека еден ден ќе биде.

Водени од искуството

Од време на време се сретнуваа и чувството се зајакна. Околности се промениле и тие започнале врска која трае повеќе од десет години. Иако звучи чудно, такви приказни има многу. Експертите романтичната интуиција ја толкуваат сосема рационално – како резултат на примена на минатото искуство со партнерите, но исто така и како визија на односот што ние би сакале да го постигнеме. Многу психолози сметаат дека ваквата интуиција за романтична љубов на прв поглед, не значи успешна врска, тоа е само добар знак.

Не чекајте туку создавајте

Врската ќе се создаде со поврзување слични мисли и заеднички активности и ќе треба да се корегираат и очекувањата за идеален партнер, ако сакате долгорочно поврзување. Со интуиција или не, искуството ќе ви помогне на преструктуирање на очекувањата. Психолозите предупредуваат дека не смееме да го поминеме животот  во потрага по идеален партнер кој не можеби не постои, ние треба да направиме повеќе напори да се створи идеален однос, да бидеме подготвени за компромис и трансформација на овој идеал (за идеален партнер), и никако да не се откажеме од љубовта.


Оставете коментар

___