Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Научно објаснување : Зашто мажите се верни?

Клучна улога во верноста има хормонот окситоцин, поради кој на мажот, неговата партнерка во однос на другите жени му изгледа попривлечна, заклучиле истражувачите на едно истражување спроведено на универзитетот Бон во Германија.

Истражувачите собрале 40 хетеросексуални мажи кои живееле со партнерката и редовно им давале спреј за нос кој содржи окситоцин.

Моногамијата е раширена помеѓу луѓето и тоа е тоа што не разликува од останатите цицачи, а истражувачите кажуваат дека веќе подолго време е енигма зашто е тоа така. Откриле дека мажите со високо ниво на окситоцин во мозокот својата партнерка во споредба со други жени ја доживуваат попривлечно и попосакувано. Тоа значи дека можеби хормонот е заслужен за верноста и моногамијата.

Овој хормон исто придонесува при погледот на партнерката да се активира центарот за награда, а при поглед на на колешки или познанички таа реакција ја нема.

Овој биолошки механизам делува слично како дрога, кажуваат научниците и додаваат дека тоа е причината зашто партнерите толку често се допираат. На тој начин се одржува високо ниво на окситоцин кој ја зацврстува врската.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...