Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

НАЈВАЖНОТО ПРАШАЊЕ ВО СЕКОЈА ВРСКА: Знаеме ли да поставиме граници?

Ова е едно доста актуелно прашање, бидејќи секој од нас многу често очекува од партнерот да знае кога ја поминува границата на нашите можности со кои даваме се од себе за доброто на врската.

Ако границата не е вметната навреме, тоа води до реални и несакани недоразбирања. Кога преминувањето на границата веќе е факт, ние почнуваме да се чувствуваме натоварени и неразбрани. Очекуваме од човекот до нас да ни одговори со истата посветеност и внимание. Но во повеќето случаи тоа не се добива. И токму тогаш почнуваат да се создаваат конфликти и недоразбирања кои ги трошат и двете страни!

Ако мислите дека со задоволувајќи ги желбите и потребите на партнерот тој ќе почне да се однесува со вас на истиот начин, ќе се разочарате! Зошто? Бидејќи во ниедна врска никој не е должен со ништо на другиот!

Вие сами избирате што да дадете или да не дадете на партнерот, а истовремено е потребно да се чувствувате добро и удобно во истата оваа врска.

Запрашајте се “Зошто давам / правам нешто за другиот?” Ако вашиот одговор е: “Јас ќе го направам тоа за него, бидејќи се надевам и тој да го направи за мене во некој момент” и сте во очекување тој да се измени и да ви покаже дека го цени тоа што го правите за него, повеќето веројатно ќе останете со чекањето …

За да го избегнете преминувањето на границата, зборувајте со партнерот. Разговарајте како се чувствувате и она што ви треба во вакви моменти. Одредете до каде може да водат барањата од негова страна, колку чести може да бидат. И не грижете се да се откажете ако нешто не сте во можност да дадете

Поставувајќи одредени граници во врската, човекот до вас ќе ве почитува и цени многу повеќе. Размислувајте и дејствувајте од позицијата “пријатно ми е да го направам тоа за тебе”! Правете работи за партнерот бидејќи тоа го сакате, а не бидејќи тоа сакате вие да го добиете од него!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement