• Сподели на:

Мажите се “палат” на своите другарки!

___

Машко-женските пријателства се тема која секогаш ги окупирала двете струи – едната на луѓе кои веруваат дека нешто такво е можно и другата која тврди дека станува збор за пуста желба.

Сепак, истражувањата кои неодамна се направени, покажале дека пријателствата меѓу маж и жена постојат, но и дека истовремено мажите се тие кои чувствуваат привлечност кон своите пријателки и сакаат нешто повеќе, за разлика од жените кои поретко се привлечени од своите другари.

Психологот Ејприл Елеск од Универзитетот во Висконсин, каде работел на ова истражување, рекла дека сексуалната привлечност знае често да направи проблеми во односите, дури и кога мажот и жената подеднакво сакаат да направат платонска и пријателска врска.

– Мажите сексуалната привлечност често ја вадат од контекст – рекла Елеск.

Истовремено, истражувањето покажале дека сексуалната привлечност престанува со годините, со оглед на тоа дека многу млади, во однос на стари луѓе, признале дека не би имале ништо против да бидат во врска со својата пријателка.


Оставете коментар

___