Многу девојки сметаат дека врската со богат маж ќе ги реши сите нивни животни проблеми и дека животот ќе им биде исполнет со скапа гардероба и со луксузни патувања. Па и кога ќе најдете богат маж од вашите соништа, можете да сфатите дека тоа не е токму она што сте го сакале. Еве кои се лошите страни во врската со богат маж.
1. Секогаш е на работа
Причината од каде има толку пари е токму тоа што е секогаш на работа. Мажите што имаат големо богатство обично целиот ден го поминуваат работејќи, освен ако не се работи за маж што наследил огромно богатство за кое не мора да работи. Тоа значи дека секогаш малку време ќе поминува со вас, што во некој момент сигурно ќе ви пречи.
2. Има преголемо его
Парите можат да направат мажот да стане арогантен. Некогаш би купиле парче пица на вашиот најдраг киоск, но тој повеќе ќе сака да отиде во познат италијански ресторан. Овие работи можат да ја оптоварат врската и да направат да се чувствувате непријатно.
3. Секогаш ќе биде забележан
Ако вашиот маж има многу пари, секогаш ќе биде забележан каде и да се појави, па и меѓу жените. Многу жени ќе се обидат да бидат на вашето место, па поради тоа ќе чувствувате постојана несигурност и страв од неверство.
4. Ќе ве гледа од високо
Можеби на вашиот избор и вкус ќе гледа од високо. Сте купиле нешто во вашиот омилен евтин бутик, но ќе чувствувате непријатност да му го покажете бидејќи фустанот не е од дизајнер. Од вас ќе бара во се да бидете префинети, па и кога се работи за изборот на храна. Често ќе ги потценува вашето мислење и предлозите, бидејќи вие немате вкус за модерни и скапи работи.
5. Секогаш ќе се чувствувате како да му должите нешто
Некаде помеѓу тој лагоден живот и скапите подароци, секогаш ќе чувствувате како да му должите нешто. Нема секогаш да ви биде мило само тој да ги плаќа сметките во ресторан и патувањата. Не е убаво чувството кога знаете дека во целост зависите од некого.