Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Љубовта може да престане! Затоа негувајте ја

Worried man looking at his girlfriend having a headache on the bed --- Image by © Wavebreak Media Ltd./Corbis

Кога ќе слушнете дека некој пар по долга врска раскинал, веднаш се интересиравте за причината, кој кого изневерил, кој од врската бил подготвен за деца, а кој за само уште една тура во диско, кој нашол љубов на трета страна… Но кога ќе го чуевте она – „љубовта едноставно исчезна“ воопшто не можевте да сфатите како е можно тоа.

Тоа ви изгледаше само како еден параван зад кој би се скриле вистинските причини. Тоа беше вистински начин тивко да се измолкнете од врската и никому да не давате објаснувања.

Сепак искуството ќе ве научи дека љубовта навистина може да престане.

Познавав една девојка и знам дека таа го сакаше својот дечко, го сакаше како животот свој. Тој беше вистинскиот за неа во срцето, па дури и кога главата ќе замереше, срцето завладуваше.

Години и години делеа се, а заедничката иднина се наѕираше зад аголот.  Но се пропадна. Студенилото полека навлегуваше во нивната врска. Сите тие мали знаци на внимание, кои и недостигаа, и манифестации на невнимание, кои ги имаше, си го направија своето.

Едностраните жртви и прилагодувања ја уморија. Повеќе немаше сила да биде дел од навидум совршена врска. Се помалку носеше љубов во срцето за тој маж и од ден на ден стануваше се поладнокрвна.

Знаеше дека нешто чудно со случува, но не беше свесна дека љубовта кон него во неа неповратно заминува. Кога сфати дека ова заедно со себе ги повлекува и страста и разбирањето, одлучи да си замине.

„Престанав да го сакам“ –  рече, без ниту една единствена солза да протече по нејзиниот образ.

Но што е причината?

Не ја негуваа доволно својата љубов и бурната хемија која природата им ја дари не можеше да опстане без грам труд. Не си излегуваа во пресрет за да си ги задоволуваат желбите, не можеа да го пронајдат балансот.

Не беа вистинските во тоа време, иако кога се запознаа тоа беше се за што можеа да размислуваат, како заслужиле таква среќа од светот.

Меѓутоа веќе беше предоцна, љубовта престана… Со конфузија во умот и очи суви за солзи, тие тргнаа понатаму, во потрага по љубов за цел живот.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...