Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Љубов на далечина? Предности и недостатоци

Љубовта е уникатно чувство која секоја личност барем еднаш го почуствувал, а кога сме вљубени се подразбира дека треба да бидеме заедно. Но што е доколку живеете оддалечени со километри? Сте се запознале на место и во време кога најмалку сте очекувале, преку работа, за време на студиите, на одмор.

Луѓето денес постојано патуваат некаде, работат во странство, често менуваат живеалишта, па така напорот да се успее во врска на далечина денес е задача со која се соочуваат многумина. Кај секој пар причините за оддалеченоста се различни, но сите делат иста грижа – дали вреди жртвата што ја преземаат и како да ја одржат љубовта жива.

Предности:

Помалку караници – времето што го имате на располагање сигурно нема да го користите за решавање на некакви дилеми, туку во нежности и прегратки.

Поголема приватност – не ќе морате да објаснувате за секој свој чекор, излегување со другари, доцнење и слично.

Помала монотоност – секоја ваша средба е исполнета, интересна, возбудлива, со многу теми за разговор и запознавање нови особини и доживувања.

Далечината ја одржува љубовта жива – Постојаното чекање на писмата, мејловите, телефонските разговори, ќе ја разгоруваат вашата страст и желбата да го видите.

Недостатоци:

Не   се познавате доволно – ретките средби не ви дозволуваат да ги откриете неговите/нејзините лоши страни и целосно да   се запознаете.

Нови навики – бидејќи не сте присутни во неговото секојдневје, може да ве изненади со нови навики што нема да ви се допаднат и нема да можете да ги надминете.

Тешки ситуации – во моментите кога најмногу ви е потребно присуството на партнерот вие ќе треба да се задоволите само со неговиот глас.

Отсуство на контрола – колку и да сакате, не може да дознаете и да учествувате во се што прави во слободното време. Тоа може да ве направи немоќни и  љубоморни.

Некои велат дека далечината ја зацврстува љубовта, а пак други велат: „далеку од очи, далеку од срце“.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...