• Сподели на:

Кои од вашите пријатели не ве заслужуваат

___

Вистинските пријатели секогаш имаат време едни за други, а има и такви кои ги нема и тогаш кога ви се најпотребни. Откријте кои се ваши вистински пријатели, а кои не го ценат вашето пријателство.

 

1.      Секогаш ви го забораваат роденденот

Ако се дружите и се слушате секојдневно, а тој / таа не може да запамти само еден, за вас многу важен датум, со таквото однесување ве омаловажува. Вистинските пријатели секогаш внимаваат на овие работи и не ви го забораваат роденденот .

2.     Оние кои чекаат секогаш на вас
Тие никогаш не прават планови, а кога ќе направите вие некаков план за да се видите, го откажуваат. Се поставува прашањето – зошто Вие би одвоиле време за нив?
3.     Оние кои никогаш не кажуваат што им пречи кај вас
Најлоши се оние кои мислат дека луѓето околу нив им ги читаат мислите. Вистинското пријателство се темели на искреност и разговор, а не подбутнување на проблемите под тепих, дури и тогаш кога постои голема шанса за расправија. И расправијата е дел од нормалниот тек на меѓучовечките односи.
4.     Оние за кои не постоите кога ќе се заљубат
Се разбира дека ќе биде поинаку, можеби поретко ќе се гледате, но тоа не значи дека треба целосно да исчезнат од вашиот живот. Во животот сѐ може да се координира. Ако после првата расправија или прекин на врската прво го завртат вашиот број за да побараат утеха, тогаш можат да ве побараат за кафе додека се во врска.
5.     Оние кои не знаат да бидат среќни за вас
Доколку сте среќни, и вашите пријатели треба да бидат среќни поради вас. Комплиментите кои ќе ви звучат невредливо, не спаѓаат во оваа категорија. Пријателот кој ви е љубоиморен никогаш нема да биде среќен и горд на вашите успеси, напротив ќе најде начин како да им ја намали вредноста.
6.     Оние на кои не им веруваш целосно
Секој сака пријател на кого ќе може да му ја довери и најголемата тајна, не размислуваќи дека треба да нагласи дека некој друг не треба да знае за тоа.
7.     Оние кои мислат дека се подобри од вас
Не сме сите исти. Тој / таа може да биде подобар/а од тебе во нешто, но никогаш во сѐ. Покрај вистинскиот пријател не треба да се чувствувате непријатно или да ви биде пример каков треба да бидете.


Оставете коментар

___