• Сподели на:

Какви квалитети треба да има вашиот иден маж?

___

Критериумите за избирање партнер се разликуваат од  жена до жена. Меѓутоа постојат универзални квалитети кои мора да ги има идеалниот сопруг, без исклучок.

Секоја жена има сопствена замисла за идеалниот маж. И додека една жена го замислува како висок, со маркантно држење и црни очи, некоја друга фантазира за русокос лепотан со совршена насмевка. Меѓутоа ова се само некои од варијантите кои ги има на илјадници. Сепак постојат карактерни особини кои мора да ги има секој маж, без разлика дали се зборува за русокос, црн, паметен, убав, симпатичен или некој друг тип. Еве што секоја жена треба да стави на својата листа на критериуми…

Верност

Верноста е една од најважните особини на вистинскиот маж, иако тешко е да се предвиди, посебно ако се земат во предвид резултатите од анкетата која покажува дека дури 60% од мажите барем еднаш ја изневериле својата партнерка. Решението е во сексот. Всушност, мажите изневеруваат кога не се задоволни со сексот во врската. Затоа, ако имате квалитетни сексуални одност, не морате да се грижите за неговата неверност.

Почитување

Станува збор за многу важна карактерна особина. Вашиот маж мора да ги цени другите, но и другите мора да го ценат него. Доколку ја поседува оваа карактерисика, значи да се држи до својот збор и до своите дела. Освен тоа, оваа особина покажува и дека имате храбар маж покрај себе.

Манири

Секој вистински маж треба да биде пристоен, човечен, обзирен и внимателен према женските потреби. Нема изговор мажот да не биде господин, посебно кога се машко-женските односи во прашање.

Отвореност

Вистинскиот маж не ги избегнува одговорите и не ги крева рамењата. Тој учествува во разговорите и гледа директно во вас додека разговарате, што значи дека е заинтересиран за она што го зборувате. Мажите кои не се директни се слабичи.

Искреност

Вистинскиот маж секогаш ја зборува вистината, а не она што сакате да го чуете. Вистината понекогаш знае да повреди, но тоа е подобро отколку пред себе да имате партнер кој ќе ве лаже кога ќе зине.

Зрелост

Тоа значи дека е во состојба да се грижи за себе и на проблемите да им пристапува смирено и возрасно. Но немора да биде богат, но затоа мора да знае да заработи и да ги распореди парите. Мажите поспоро созреваат и многу жени наидуваат на 30 годишни кои се однесуваат како тинејџери. Меѓутоа зрелиот маж знае кога треба да порасне.

Самоувереност

Добриот маж верува во себе и знае кои му се границите. Самоувереноста ви е показател дека ќе остане верен на себе си и тешко ќе се промени и ќе изненади со нешто негативно.

Позитивен став

Овој став е показател дека човекот е задоволен со својот живот. Позитивните луѓе повеќе се смеат а и во состојба се да ги насмеат и орасположат и другите луѓе околу себе. Маж со позитивен став ќе се препознае по тоа што е оптимист и бара добро во се, за разлика од оние со негативен став кои во се гледаат нешто лошо и постојано се жалат.


Оставете коментар

___