• Сподели на:

Каков е во љубовната врска според првата буква од името

___

Почетната буква од името говори многу за квалитетите кои ги поседува еден маж и за начинот на кој се однесува во една врска.

А – енергичен човек, полн со изненадувања. Во него има многу романтика и страст. Грижлив, но само ако не му одземаш слободата.

Б – Многу самостоен, често изгледа студен, но внатрешно врие од емоции. Ако одлучи да создаде сериозна врска , ќе биде верен до крај !

В– Сонувач, идеалист, верува во љубовта од бајките, копнее да биде сакан. Но понекогаш е многу непостоен и расеан. Има потреба жената до него постојано да прави романтични гестови и изненадувања.

Г – Креативен маж кој сака прво да обезбеди услови за нормален живот и тогаш да мисли за врски . Во никој случај нема долго да трпи женски каприци.

Д – Во друштво е весел, но пред жените е затворен. Не сака некој да истражува во неговите мисли. Не умее да покажува чувства.

Ѓ- Срамежлив и искрен. Му треба долго време за да се опушти во една врска и да се покаже во вистинското издание.

Е – Одличен љубовник, умее да ги воодушевува жените , но е склон и кон неверства. Треба да внесувате постојано возбуда во врската , за да не му стане досадно .

Ж – Прекрасен маж ! Знае како да се однесува со жените , вистински кавалер со неспоредлива смисла за хумор. Среќница сте ако го имате .

З – материјалист кој често е незадоволен од својот живот . Критикува, укорува , склон е да заработува и жената до себе е виновна за неговите сопствени неуспеси. Но барем ќе стане многу грижлив татко.

Ѕ – Супер забавен, одма ќе се заљубите во неговата насмевка. Обично е апсолутниот плејбој и многу жени поминале низ неговиот кревет . Но, кога реши да биде со една , очите и срцето му се единствено за неа . Сака да прави подароци и изненадувања .

И – Прав маж ама и има зошто. Многу паметен, многу љубопитен, но и многу импулсивен. Сака силно, но бргу се лади во врската.

Ј – Идеален маж за создавање на семејство – сериозен , стабилен , грижлив. Бара да биде почитуван.

К – Прилично емотивен, но и љубоморен ! Подгответе се за бурна врска, со подеми и падови .

Л – Уметничка душа, во комбинација со висока интелигенција . Ја цени женската убавина и сака средени девојки. Добар љубовник и знае како да ја направи жената среќна.

Љ – Амбициозни и енергичен. Склон е да го занемари партнерот во името на службените задачи . Во врска исто така се однесува како да сте заедно поради заеднички интереси , а не поради чувства.

М – женкар со душа на дете ! Забавен , симпатичен, но стане ли збор за неговото достоинство, не дозволува потсмев . Може и да премолчаии 1-2 пати , но потоа ќе експлодира со полна сила . Со него ништо нема да ви недостасува , но да си знаете дека не е лесен карактер .

Н – Остроумен маж , кој сака да постигне нешто во животот . Сигурен, перспективен , во љубовта е внимателен и мил. Сака да ужива со жената до себе. Но, се згрозува од грубите и моќните женски.

Њ – Принцот на бел коњ! Веројатно затоа и нема маж кој започнува на оваа буква 🙂

О – таинствени затворен маж , не чекајте да ве облее со комплименти и љубовни рими. Но да знаете дека штом ве избере за своја поубава половина , значи навистина ве сака.

П – Карпа однадвор, а душа човек одвнатрре. Многу внимателен кон партнерот, но често знае да е љубоморен и посесивен.

Р – Прилично самоуверен, често груб во своите барања . Понекогаш имате чувство дека не може да му се угоди . Но, работите не се толку страшни како што изгледаат , само треба да ја придобиете целосно довербата му и тој ќе се претвори во маж од соништата.

С – непостоен и ладен. Не е склон кон компромиси , затоа поверојатно е вие да сте попустливата страна . Кога е во добро расположение , сепак станува друг човек – обичен , романтичен и многу забавен .

Т – Чувствителен маж , идеален за секоја романтична жена. Очекувајте стабилна врска, но не и изненадувања и романтични гестови.

Ќ –  великодушен и дарежлив, обожава да подарува скапи подароци . Но не може да се спротивстави на искушенијата и е склон кон изневери.

У – Тежок карактер. Не се вљубува лесно, полн е со барања кон партнерот . Но смета ли дека сте соодветна за него, ќе се судрите со почит , разбирање и поддршка , која не сте си помислиле дека човек може да даде .

Ф – Овој пријателе секогаш ќе биде боем.  Ги обожава забавите , ноќниот живот , коцкањето … Тешко влегува во сериозни врски, но кога ќе на најде вистинската, тогаш не мрда без неа.

Х – Ја цени женската убавина , но за него се поважни квалитети како интелигенција , хумор , посветеност во љубовта …

Ц – Тој е лидер и секогаш ќе биде. Еден од најсоодветните мажи за врска.Внимателен кон жената до себ ,ќе ја поддржува, без оглед што му се случува.

Ч – Тој знае како да ги натера жените да го сакаат. Го привлекуваат самостојни и уверени женски. Не сака да се наметнува , но треба да знаете дека е зависник од секс. Ако го оставите на суво предолго ќе си побара друга!

Џ – Машко на честа ! Претпочита мирни жени кои умеат да создадат атмосфера . Исклучително одговорен , на него може да се потпрете на сè. Не поднесува караници и скандали. Затоа го возете умерено со него .

Ш – Најљубоморен маж, бескомпромисен , понекогаш дури суров кон грешките на жената до него .


Оставете коментар

___