Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Како “статистички” да ја пронајдете вашата љубов?

Во љубовта е потребно да имате три желби, бидејќи така, статистички, полесно ќе дојдете до партнер, тврди Тај Таширо, професор на Универзитетот во Мериленд.

Како и Аладин, треба да издвоите три најважни атрибути кои мора да ги има идеалната личност.

На пример, да биде убава, интелигентна и забавна, но не може да бара да биде и богата, бидејќи постои голема веројатност дека таква личност нема никогаш да пронајдете.

Американскиот експерт смета дека нашиот пристап кон иделниот партнер е погрешен и им апелира на самците да се фокусираат во потрагата по саканата личност на она што е најважно.

Во својата книга “Наука за вечна среќа” (The Science of Happily Ever After) тој објаснува дека “традиционалниот пристап води кон тоа наместо врапче во рака, да посакаме гулаб на гранка”, пренесува “New York Post”.

“Доколку сакаме се, ќе останеме без ништо”, вели Таширо, истакнувајќи дека е неопходно да се промени начинот на кои го бараме нашиот партнер.

Според него, основно е да не се “расфрламе со желбите”. Доволно е да издвоиме три желби, односно карактеристики кои би сакале да ги најдеме кај другиот.

Запрашан за тоа на кои квалитети треба да им се даде предност, Таширо вели дека тоа секако не се убавината, ни богатството, бидејќи тие не се гаранција за среќа во љубовта.

Подобро е, смета тој, да посакаме “симпатична”, “добра” личност со “смисла за хумор”.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement