• Сподели на:

Како ја уништувате шансата за успешна врска: 4 прични поради кои немате среќа во љубовта

___

Понекогаш нашите лоши одлуки се главни кривци зошто не можеме да ја пронајдеме љубовта. Колку и да порекнуваме, многу често и самите несвесно ги игнорираме шансите да пронајдеме партнер, а еве со што.

Ниска самодоверба

Мажите често ја истакнуваат самодовербата како најсекси работа на жената и тоа не без причина. Ако сакаш добар партнер, важно е да веруваш дека еден таков заслужуваш. Единствено така не ризикуваш да влезеш во однос кој не те исполнува.

Негативност

Никој не сака негативни луѓе. Замисли да мораш да слушаш секој ден како некој се жали, омаловаѓува или уште полошо, те омаловажува тебе? Исцрпувачки е, зарем не?

Тежнееш кон совршенство

Ако премногу се трудиш да бидеш она што мислиш дека тој сака, тоа не е вистинскиот начин да ја бараш љубовта. И глумењето и те како исцрпува, а суштината на вистинската љубов е да пронајдеш некој кој ќе те прифати онаква каква што си.

Брзаш

Лесно е да ја препознаеш личноста која брза со некој важен чакор во љубовниот однос, само затоа што чувствува дека и недостига време. Но, сите тие мудри изреки за тоа дека брзањето е секогаш погрешно, не се напишани без причина.


Оставете коментар

___