• Сподели на:

Како фраерите покажуваат љубов

___

Можете да се жалите како од неговата уста не слушате често „те сакам“, но тој својата љубов ќе ви ја покаже на бројни начини, без всушност да ги изговори тие два збора…
 
Мали знаци на внимание
Ако вашето момче често ви носи најразлични ситници како омилената слатка, букет цвеќе или некои производи кои сте споменале дека мора да ги купите, знајте дека сте го освоиле неговото срце. Малите знаци на внимание покажуваат дека често сте му во мислите и дека се грижи за вас, а тоа е нешто што никако не смеете да го занемарите.
Изборот на вас ви го препушта
Ако на вас го препушта изборот на ресторан, филм или место за излегување, тоа никако не значи дека на него му е сосема се едно и дека не е заинтересиран. Напротив, тој на тој начин ви покажува колку му е важно вашето задоволство. Или поедноставно кажано, среќен е кога вие сте среќни!
Ви се јавува пред спиење
Ви праќа порака или ви се јавува науто кога ќе стане од спиење, знајте дека цело време сте му во мислите. Ова е типичен машки показател колку мисли на вас и колку ве сака.
Покажува интерес за вашите интереси
Оди со вас во театар иако тоа ни малку не го интересира, се шета по дуќаните додека вие барате совршени кондури, го чека со вас утрото во градот како би ги дочекале првите зраци на сонцето и би ја фотографирале совршената фотографија. Што и да прави, а што не е нужно за неговиот интерес, знајте дека тоа го прави од љубов према вас. Да не му е грижа, одамна тој ќе се придружи на своето друштво на пиво и фудбал!
Ви поклонува мали бакнежи
Немора секој бакнеж да биде експлозија на страст и да води према секс. Понекогаш оние малите, брзи, безгрижни, попатни бакнежи значат најмногу. Можеби вашето момче не е обожавател на покажување на интимност, но попатните бакнежи во чело, врат или во образ додека спиете, покажува дека искрено ве сака.
Се грижи за вас
Било да сте во некаква невоља, поради нешто тажни или едноставно лошо расположени, секогаш се труди да ви биде потпора и да ви понуди помош за да се чувствувате подобро. Ако вашето момче секогаш е овде за вас, тоа е неговиот начин на кој ви порачува „те сакам“!

Оставете коментар

___