• Сподели на:

Како до подобра врска?

___

Мажите мразат постојано коментирање, а многу жени не знаат кога да престанат. Можеби вашиот дечко е потрпелив, но тоа сепак, може да и наштети на врската. Насобраните фрустрации еднаш ќе излезат на површина, а вие во тој момент ќе се соочите со последиците од сопственото однесување. Ќе ве посоветуваме како да ја подобрите врската и да престанете со непотребните коментари.

По негов избор е тука со вас – Колку порано сватите дека вашиот дечко е тука по сопствена желба и дека не ви е “роб”, повеќе ќе припазите на своето однесување.

Немојте да се “тресете” на него – Тој не е должен да ја трпи вашата нервоза и насобраните фрустрации. Ако сте нервозни од работа, или сте се искарале со пријателката, или едноставно не сте расположени, најдобро е да си останете дома и да ги избегнете можните расправии.

Пазете што зборувате – Одберете ја битката сами. Пред да започнете кавга, запрашајте се колку е тоа нависитна важно. Дали ќе го повредите со тоа што ќе го кажете? Ако мислите дека утре нема да се сеќавате на причината за кавга, подобро не ја ни започнувајте.

Не го спречувајте – Не треба да се лутите кога сака да се дружи со пријателите. Тоа што сте во врска не значи дека секој момент треба да бидете заедно. Немојте да ги запоставувате ниту своите пријатели и интереси, па така не треба ни неговите.

Согласете се на компромис – Неможете секогаш да бидете во право и неможете да очекувате вашиот дечко да се сложува со сѐ што мислите. Бидете по транспарентни во однесувањето и обезбедете ѝ иднина на врската.


Оставете коментар

___