• Сподели на:

Како да одберете прстен за машко

___

Прстен на женска рака е ок. Често придонесува за убавината на раката, елеганцијата, женственоста. Како е со машките прстени? Некои неможат да ја поднесат нити бурмата, додека други баш сакаат да се китат.

Доколку сакате некого да израдувате со мал кружен подарок, еве неколку совети во врска со одбирање и купување на машки прстен.

Најважното модно правило гласи – помалку е повеќе. Немојте да претерувате со ова парче накит. Еден прстен на машката рака е сосема доволен, особено ако се носи заедно со бурмата.

Прстенот, освен што може да биде статусен симбол доколку е скап и вреден, исто така е и одраз на вкусот и ставот на личноста што го носи. Затоа одберете таков прстен што ќе се вклопи со “ликот и делото” на мажот кому е наменет.

Подобро е да одберете некој прстен кој добро би одговарал со било кое парче гардероба. Дури и ако го носи маж кој е постојано во одело, понекогаш ќе сака да облече нешто поудобно, а прстенот може многу да се одвојува.

Секако, опцијата за повеќе прстени за различни пригоди е секогаш присутна.


Оставете коментар

___