• Сподели на:

Како да му влезете “под кожа“ на новиот партнер?

___

Интимноста и зближувањето со новиот партнер не се достигнуваат во кревет. Љубовта не бара секс, туку поврзување со таа личност со која сте започнале врска заради нејзините особини.

Сексот може само уште повеќе да ве зближи. Но вие треба да го направите првиот чекор.

Заведете го како првиот ден
Откривајте кои работи му се допаѓаат на партнерот и кои го возбудуваат, па така и однесувајте се. Да го заведете партнерот не е лесно, посебно ако главата ви е полна со грижи. Освен вообичаената долна секси облека, вреди да се освои партнерот и со карактер, потребно е да се биде витален, оптимистичен, да се има позитивен став. Тоа привлекува повеќе и од градник или провидна кошула.

Бидете креативни
Секој ден креирајте интересни ситуации, како на пр. подгответе му миризлива купка, или пуштете музика која ве отпушта и двајцата, масирајте се и направете заедничките моменти да бидат незаборавни…..

Зборувајте со него
Зборот е идеално средство за комуникација, со кое може да се опише состојбата на духот и емоциите. Разговарајте за себе, за него, за некои нови искуства, за своето тело… Сето тоа придонесува за зајакнување на врската и помага парот да се пронајде.

Слушајте го
Подарете внимание на партнеровите зборови кои искажуваат радост, страв, ентузијазам, но во исто време и несигурност. Тоа покажува љубов и заинтересираност, грижа и за партнерот, кое е неопходно за еден пар. Секогаш е важно да се најде малку време да го сослушате другиот.

Галете се
Милувањето го стимулира хормонот ендорфин, важен за здравјето, кој отпушта, шири низ телото пријатно чувство и го подготвува за интимни моменти. Милувањето не мора секогаш да заврши со секс, милување на голото тело на партнерот и откривање на сопственоста (женственост и машкост), помага парот да се чувствува соединето.

Бакнувајте се во секоја прилика
Усните се едни од првите и најважни ерогени зони од нашето тело. Од почеток на животот поврзани се со здрави чувства на задоволство. Бакнување на останатите делови од телото претставува чин на соединување и отворање на чувствата.

Смејте се
Заедничките шеги ја зајакнуваат врската. Шегувајте се на своја сметка, бидејќи хуморот е еден од најомилените и најбарани карактеристики кај партнерот. Смеењето носи добра волја и здравје.

Чувајте ја вашата убавина
Немојте да го запоставите сопствениот изглед, бидејќи ако не се чувствувате добро во сопственото тело, тоа ќе допринесе за сексуален притисок.


Оставете коментар

___