И тоа еднаш мора да се случи. Сигурно во главата стотина пати сте ја замислиле таа средба и сте поставувале правила во тој момент, но во повеќето случаи таа прва средба може да биде прилично непријатна или пак чудна. Еве како да го преживеете тоа без многу стрес и без срам.
Немојте премногу да се трудите – Бидете смирени и немојте да пробувате да нагласувате колку ви е добро откако не сте заедно. Кратко поразговарајте со него, ислушајте го што има да каже и продолжите понатаму. Ако се задржите предолго, ќе помисли дека ви недостига, а тоа не е планот.
Бидете љубезни – Ако е со нова девојка, бидете срдечни и однесувајте се нормално, немојте да бидете безобразни и да покажете дека тој ви смета, но немојте да глумите дека сте одушевени со нејзината појава бидејки сите ќе знаат дека тоа не е вистина.
Вие пристапите први – Најдобро е ако иницирате средба и кажете дека брзате, бидејки така ќе делува како да сте го преболиле раскинувањето, дури и ако повеќе би се расплакале поради средбата.

You must be logged in to post a comment Login