• Сподели на:

Како да ја одржите романсата и страста во долгогодишна врска?

___

За секој оној што бил дел од долгогодишна врска, не постои единствен одговор за тоа како се одржува страста и романсата дури и после одредено време. Во почетокот сè изгледа забавно, емоциите се поизразени, но подоцна како сите да подзабораваат дека треба да ја одржат искрата што ги држи заедно.

MSN Lifestyle објави неколку предлози за тоа како можете да ја одржите или да ја вратите првичната искра во долгогодишната врска. Еве дел од нивните предлози:

1. Испланирајте си вечерно излегување.

2. Заминете на заедничко патување.

3. Обидете се со ново заедничко хоби.

4. Подгответе изненадување за својот партнер односно партнерката.

5. Направете заедничка листа со желби што сакате да ги остварите во иднина.

6. Заедно направете нешто што никогаш дотогаш не сте го сториле.

7. Расчистете го прашањето/проблемот кој толку долго време го премолчувате.

8. Подгответе појадок во кревет.

9. Почесто велете „те сакам“.

10. Разменувајте нежности во јавност.

11. Секогаш активно поддржувајте ги соништата на другиот.

12. Пробајте нешто ново кого е сексуалниот живот во прашање.

13. Не заборавајте да флертувате еден со друг.

14. Барем една вечер исклучете сè (интернет, телевизија, телефон) и посветете си го времето еден на друг.


Оставете коментар

___