Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Како да го скротите љубоморното момче?!

Добро размислете дали е во право, не раскажувајте се на вашите пријателки и осветете му се – веројатно станува збор за внимание кое му е потебно 😉

Љубормората е слатка појава, особено кога доаѓа од вашето момче, но некогаш знае и да биде доста напорна. Доколку вашето момче во последно време е љубоморен на некого, пробајте го следново:

Размислете дали е во право

Дали во последно време сте флертувале со некој, на пример од работа? Дали почнавте да се облекувате повеќе провокативно отколку досега? Дали вашиот другар го окупира најголемиот дел од вашето слободното време?  Доколку одговорите се позитвни, тогаш вашиот партнер веројатно има вистински повод за љубомора, па ќе мора тоа и да му го признаете. Во спротивно, ќе навлезете во дискуција каде ќе го нападнете дека нема никаква причина за љубомора, а тоа нема никако никому да помогне ниту пак да олесни.

Но, доколку вачиот партнер ги прислушкува вашите разговори, ја проверува листата на повици, постојано ве обвинува дека флертувате со секој со кој разговарате и ве убедува дека сите се против вас, мора да бидете исклучително внимателни бидејќи веројатно станува збор за машка манипулација.  Како да се справите со ова, прочитајте подолу.

Решете го проблемот.

Наместо да се нервирате барајќи го одговорот зошто е љубоморен, фокусирајте се на решавањето на проблемот.Прашајте го што можете да направите за да се чувствува посигурен  и покажете му дека навистина не сакате да чувствува дека има причина за загриженост.

Немојте се да им прераскажувате на пријателките

Вашето момче и онака е доволно несигурно, па доколку се посомнева дека ќе им раскажете се на вашите пријателки, само ќе ги лошите работите. Држете ја вашата приватност за вас, не му давајте причина да се чувствува уште полошо.

Посветете му се

Најверојатно станува збор за недостаток на внимание. Доколку му покажете дека сеуште тој ви е најважниот и дека се грижите, љубомората веднаш ќе исчезне. Повеќе нема да биде несигурен , дури и последно ќе се справува со ситуациите во кои вообичаено би збеснал од  љубомора.

Може и да му приредите некое романтично изненадување кое нема да ве чини буквално ништо, а ќе ви го врати спокојот.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...