Мажите многу полесно ќе одлутаат во кревет со жена, или барем тоа сакаме да веруваме дека е вистина. Но, едно неодамнешно истражување покажало дека изневерувањето нема врска со полот, туку со моќта која одредена личност ја има.
Во анкетата учествувале вработени луѓе на различни позиции, а истата ја предводел професорот Џорис Ламерс, кој освен позицијата која ја имаат на работа ги мерел останатите варијабли, како што се довербата, оддалеченоста и перцепцијата на ризикот поврзан со изневерувањето.
Истражувањето покажало дека клучен мотив за изневерување е моќта која произлегува од самодовербата на личноста која држи висока позиција. Моќта ги зголемува шансите за таквата личност да направи чекор кон изневерување. Откриено е дека полот нема многу врска со изневерувањето, а фактот дека малку моќни жени ги изневеруваат своите партнери е поврзан со тоа што има многу помалку жени на менаџерски позиции.

You must be logged in to post a comment Login