• Сподели на:

Истражување: Кога е идеално време за заеднички живот, брак и деца?

___

Заеднички живот

Најновите истражувања покажуваат дека заедничкиот живот пред брак не може да им штети на паровите, туку напротив.

Последното истражување кое траело од 2006 до 2010 година, покажало дека за жените најдобро време за живот со партнерот е помеѓу 25та и 29та година и тоа после три години од врската. За жените помлади од 24 години, поголема е веројатноста дека заедничкиот живот и врска нема да успеат ако почнат да живеат заедно со партнерот.

Венчавка

Според истражување во 2013 година, најдобро време за брак за жени е 27та година, а за мажите 29та година. Истражувањето покажало и дека поголем е бројот на разводи кај паровите кои се венчале пред 23 години.

Деца

Истражувачите откриле дека најголеми шанси за успех на врската имаат паровите кои прво се венчале, па потоа добиле деца. Тие тврдат дека идеално време за деца е дури после една година брак и секако пред 35 години. Брзањето со деца може да биде лошо за врската, емотивно и финансиски. Тинејџерските бремености се оние кои најчесто завршуваат со разводи и раскинување.


Оставете коментар

___