• Сподели на:

Грешки кои можат да ве чинат сериозна врска

___

Има многу паметни, успешни и убави жени кои се сингл кои покрај сите напори вложуваат за да ја пронајдат својата сродна душа. Експертите за врски Александра и Кристина Конти пробале да свата зашто е тоа така.

Заклучокот до кои дошле можеби нема да ве воодушеват, но сепак не скокнувајте веднаш во кревет со маж со кој сакате сериозна врска. Не велиме дека треба да чекате до брак, туку да чекате додека не добиете од него се што сакате – љубов, сигурност, доверба….

Контиеви објаснуваат дека на жените им е потребна сигурност, а мажите пак бараат секс, занемарувајки го чувството за сигурност и сите убави работи кои врската со себе ги носи. Тоа секако не значи дека мажите сакаат само секс и исклучиво само секс.

Како причина зашто не би требало веднаш да проверите каков е во кревет мажот со кој сакате врска, тие го наведуваат следното: кога ќе го добие тоа што го сакал, мажот ќе заклучи дека неговиот однос до тогаш бил задоволителен, па нема да види причина зашто и понатаму би се трудел во врска.

Со тоа што нема да му принудите незаборавен секс, покажете му дека мора да вложи напор за да добие се од вас, тврдат експертите.


Оставете коментар

___