• Сподели на:

Гради или интелект: кој е вашиот избор?

___

Анкетата извршена на 1000 жени покажа дека интелектот не е ценет помеѓу жените толку колку што се очекува. Една третина од нив се изјасниле дека би го намалиле својот коефициент на интелегенција за  поголеми гради.

Иако овие резултати за многу се поразувачки, веројатно главната причина за таквите одговори лежи во фактот дека во анкетата учествувале девојки на возраст од 18 до 25 години, а познато е дека жените во таа доба повеќе се грижат за својот физички изглед.

Анкетата покажа дека 24 отсто од жените кои признале дека би го менувале интелектот за поголеми гради, како причина за таквиот став навеле дека така би се чувствувале посреќни.

Истаржувачите заклучиле дека жените од оваа категорија не се ценат по своите квалитето, туку по оние кој им ги наметнува средината, особено спротивниот пол.


Оставете коментар

___