Доколку сакате да откриете колку ќе издржи вашата врска, односно дали сте или не сте за долги стази, научниците тврдат дека за тоа постои формула. Ние ви ја откриваме истата!
Како знаете дека сте избрале сериозен, сигурен партнер?!
- Помножете го бројот на неделите/месеците/годините колку се познавате (и пред да ја започнете врската) и на тоа додадете плус 8.
- Тоа истото направете го со вашите претходни партнери и помножете со два.
- Оценете ја неговата искреност по ваша проценка, од 1 до 5, и тоа помножете го со 9. Добиениот број додадете го на бројот од првата точка.
- Оценете од 1 до 5 колку мислите дека му се важни парите и помножете со 3, па и оваа бројка додадете ја на бројот од точка 1.
- Од 1 до 5 оценете посебно и за двајцата колку сте забавни, соберете ги и додадете ги на бројот од првата точка.
- На ист начин оценете си го вашиот изглед, соберете ги и додадете 3. Добиениот број одземете го од бројот кој до сега го имате од точка 1.
- Оценете ја важноста и на интимата, поединечно за двајцата, и секоја оцена помножете ја со 5. Потоа соберете ги двете бројки и уште еднаш збирот помножете го со 5, а за толку намалете го бројот што го имате добиено под точка 1.
- Поединечно оценете колку ви е важно семејството, соберете ги и додадете го збирот на првата точка.
Конечниот број означува колку години ќе бидете заедно!

You must be logged in to post a comment Login